Лидерот во германското првенство прави чуда со Чаби Алонсо на својата клупа и во моментов е најдобрата екипа на Стариот континент, ако се суди според мерката „освоени бодови по натпревар“. Баер има 2,8 бода во просек од натпреварите или, во превод, само на еден оствари реми и не успеа да победи, 2-2 со Баерн Минхен во бундеслигашкото дерби.
Веднаш зад него е Реал со 2,72 бода по натпревар, а потоа длабоко под нив се останатите џинови на европскиот фудбал, како Барселона со 2,45, Баерн со 2,36, Милан со 2,3 или Манчестер сити со само 2,27 освоени бода по натревар.
Реал Мадрид, пак, е првата екипа која стигна до двоцифрен број победи, сметајќи ги сите досегашни натпревари. Има осум во Ла Лига и две во Лигата на шампионите, односно 10 од 12. Блиску до него е само Баер Леверкузен со 9 од 10.
„Кралскиот клуб“ е при врвот кога се во прашање „чистите мрежи“, односно натпревари без примен гол. Има шест такви, исто колку и Интер, Милан, Аталанта и Барселона, со тоа што само Интер има помалку примени голови од „лос бланкос“. Од друга страна Баер Леверкузен е најефикасната екипа со 37 постигнати гола, или 3,7 по натпревар, категорија во која Реал заостанува и е 11-ти во Европа со 24.
Најефикасниот фудбалер го има Штутгарт, Жираси со 14 гола, но и Реал има „коњ во оваа трка“ во името на Џуд Белингем, кој постигна 10 гола. Повеќе од него има само уште Лаутаро Мартинез од Интер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.