Чеферин: Светското првенство во 2030 ќе се одржи во Шпанија и Португалија

by
1 минути читање

Тој вели дека УЕФА ќе направи сè што може за да им помогне на Шпанија и Португалија да ја добијат трката за домаќин и верува дека ќе успеат.

„Ќе направиме сè што можеме да помогнеме. Време е Европа да биде домаќин на Светско првенство и веќе имаме планови. Веќе зборувавме со Фернандо Гомеш и Луис Рубалес. Сигурен сум дека Мундијалот во 2030 ќе се одржи во Португалја и во Шпанија, две земји кои го чувствуваат фудбалот. Тоа ќе биде победничкиот тандем и ќе сториме сè за да им помогнеме на овие земји, кои имаат страст за фудбалот, живеат и дишат фудбал, а исто така имаат и добра инфраструктура“, рече Чеферин на конференција во Португалија со име „Фудбалски разговори“.

Официјалното кандидирање на земјите треба да се случи оваа година, а фаворити се пријавените од Европа и од Јужна Америка. Од Европа најсилна е кандидатурата на Шпанија и Португалија, како и таа на Англија, меѓутоа фактот дека треба да се одбележи стогодишнина од првото Светско првенство, кое се одржа во Уругвај, им дава поени и на Јужноамериканците. 

Кај нив, првично Аргентина и Уругвај истакнаа желба да бидат домаќини и тоа официјално, со Лионел Меси и Луис Суарез како промотори, уште во 2017 година, кога беа соиграчи во Барса. Две години подоцна, Парагвај се понуди да се приклучи на двете земји и беше прифатен, а подоцна и Чиле, со што ќе станат првиот квартет земји кој се кандидира за организација на едно СП.

Големо е лобито и на Кина, меѓутоа според прописите на ФИФА, континентите на кои се одржале претходните две Светски првенства, немаат право да организираат повторно. Такви се Азија, поради Катар 2022 и Северна Америка, поради САД-Канда-Мексико во 2026.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×