Чави знае што му следува ако Барса не победува

by
1 минути читање

До пред натпреварите со Интер, ситуацијата во Барселона изгледаше многу стабилно, но работите во фудбалот брзо се менуваат, а притисокот за успех е особено голем кај гигантите како што е Барселона.

Чави е свесен дека доколку не победува ќе добие отказ од Барселона.

На прашањето дали би имал разбирање доколку Барса одлучи да му даде отказ, Чави одговори: „Се разбира. Тоа е фудбал. Луѓето на улица креваат тупаница кон мене во знак на поддршка. Сега треба да продолжиме и да се соочиме со реалноста, но јас сум секогаш позитивен. Со напорот кој го направи клубот и тимот кој го имаме, треба да се бориме за трофеи“.

„И доколку не победуваме, како што рече претседателот, ќе има последици, почнувајќи од мене. Доколку не победуваме, ќе дојде друг тренер. Но јас ќе дадам се од себе за тимот да проработи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×