Изгледа дека Барселона под водство на Чави има напредок, но статистиката покажува дека тој е најнеуспешен од тренерите на Каталонците во 21. век по 50 одиграни натпревари.
Таквите бројки го зголемуваат притисокот кон Чави, па дел од шпанските медиуми почнаа да пишуваат дека можна е негова смена.
Чави уште еднаш ги спомена судиите од мечот со Интер и изрази надеж дека ситуацијата на крајот од сезоната ќе биде избалансирана во поглед на грешките.
„Многу се жалев на денот на натпреварот против Интер, но тоа не водеше никаде“, вели Чави.
„На крајот, тоа е работа на судиите и вие треба да мислите дека тие се искрени. Мислам дека на крајот од сезоната има баланс на грешките во важа полза и оние кои се против вас. Ајде да видиме дали и сега ќе бидат избалансирани“.
Барселона утре има натпревар од Ла Лига, го пречекува Виљареал.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.