Чави тргна да му се жали на четвртиот судија, па беше нападнат од фудбалерите на Барбастро (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Каталонците“ оваа сезона се мачат предвреме да го решат натпреварот, на повеќе од 20 натпревари во низа немаат победа поголема од еден гол разлика.

Слично беше и синоќа на гостувањето кај Барбастро во Копа дел Реј, четвртолигашот покажа заби и Барселона се пласираше во осминафинале со трииумф од 2-3.

Финишот беше тензичен, братот на Чави беше исклучен поради протести кон судијата, а тренерот на Барселона влезе во конфротација со двајца домашни играчи.

По последниот свиреж на судијата, Чави тргна да му се жали на четвртиот судија, по што му пристапи еден домашен фудбалер и го турна.

Подоцна кога стратегот тргна кон соблекувалната, му пријде играчот од средниот ред Антонио Хесус Креспо, во прв момент се поздрави, а потоа му дофрли нешто и го турна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×