Чави со сегашните играчи ќе брка подобри резултати, само чудо може да му донесе засилувања

by
1 минути читање

Талентираниот Витор Роке пристигна во Барселона овој месец, Чави посакува напаѓачот да не биде единственото засилување во зимскиот преоден рок, но се чини дека стратегот ќе мора да брка подобри резултати со играчите кои сега ги има на располагање.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, само чудо може да донесе засилувања.

Лошата финансиска ситуација дополнително се закомпликува откако Либеро не префрли 40 милиони евра за процент од „Барса Вижон“, уплата која требаше да биде извршена до 31. декември.

Па Чави сега треба да се моли играчите кои се повредени што побрзо да се вратат на терените, и во продолжението од сезоната да имаат помалку вакви проблеми.

Во моментов, надвор од стројот се Кансело, Ињиго Мартинез, Гави, Тер Штеген, Маркос Алонсо и Рафиња.

Оваа сезона проблеми со повреди веќе имаа Педри, Левандовски, Кунде, Френки Де Јонг, Серхи Роберто, Роналд Араухо и Ламине Јамал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×