Барселона влезе
како голем фаворит во дуелот со Рајо, „каталонците“ притискаа но Столе
Димитриевски одново ја зачува сопствената мрежа и гостите непоразени си заминаа
од Камп Ноу а публиката остана разочарана.
„Разбирам дека
сите се разочарани, очекувањата се прилично високи по она што се случуваше изминатив период“ –
вели Чави.
„Рајо се бранеше
навистина добро, се мачевме повеќе од вообичаеното да креираме шанси. Жал ми е
што не успеавме да постигнеме гол и да победиме, сакавме на луѓето да им
покажаме деке сме на прав пат. Разочаравме, но ова е само почеток, потребно е
малку трпение“.
Тренерот на Барса
потоа упати пофални зборови за Рајо и нашиот Столе Димитриевски.
„Рајо беше
одлично тактички поставен и одработија перфектно, добро го затворија просторот.
Голманот исто така беше на нивото и имаше неколку извонредни интервенции“.