Чави: Сметам на Де Јонг и Обамејанг, но…

by
1 минути читање

Френки де Јонг цело лето се поврзува со заминување од Барселона, клубот сака да го продаде, но тој засега одбива да си замине.

Во последно време и Обамејанг се поврзува со заминување, Челси се интересира за него, а се шпекулира дека Барселона бара 25 милиони евра.

Во пресрет на почетокот на новата сезона, Чави вели дека смета и на двајцата, но не ја отфрли можноста тие да заминат до крајот на преодниот рок.

„Сметам на Обамејанг. Навистина сум среќен со него, тој може да ни помогне. На тие кои не сметам, веќе знаат, тие знаат дека нема да играат. Пмеѓу сега и 31. август, можата разни работи да се случат. Навистина ми се допаѓа Обамејанг“, вели Чави.

„И Френки е важен за мене, тој е во составот и тоа е тоа. Ќе видиме што ќе се случи до 31 август, пазарот е отворен“.

„Не знаеме што ќе се случи со многу фудбалери од сега до крајот на преодниот рок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×