Чави Симонс: Во Барса не се вежба во теретана, само со топка

by
1 минути читање

Чави Симонс
важеше за еден од најталентираните фудбалери во школата на Барселона, „каталонците“
имаа големи очекувања, но тој на 16 години реши да ги „откачи“ и да се пресели
во ПСЖ.

Изминатово лето, Чави
Симонс неочекувано наместо да ја продолжи верноста со „светците“ се пресели во
ПСВ, потег кој се покажа како исправен, офанзивниот фудбалер прикажува одлични
партии во дресот на клубот од Ајндховен.

Синоќа против
Арсенал во Лига Европа постигна одличен погодок, издрибла неколку фудбалери на
мал простор и ја затресе мрежата, но ВАР ја спречи радоста и голот беше
поништен поради офсајд на зачетокот од акцијата.

„Знам дека сум
ситен, морав да најдам начин како да се носам со противниците… па вежбав многу
во теретана, тоа беше важно за мене“
– вели Холанѓанецот.

„Потекнувам од
школата на Барса и верувајте ми, во Барса практично и да не се вежба во
теретана. Многу се работи со топка“.

„Во Париз
ситуацијата беше многу поразлична, во ПСЖ се вежба во теретана. Лига 1 е
прилично силно натпреварување на физички план“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×