Чави е позитивен
на коронавирс. Легендата на Барселона и тренер на Ал Сад на социјалните мрежи
соопшти дека е заразен со ковид-19 но се чувствува добро. Тој сега ќе мора да
оди во карантин и ќе го пропушти ре-стартот на првенството на Катар.
„Денеска нема да
можам да седам на клупата, наместо мене, тимот ќе го води Давид Пратс. Пред
неколку дена, согласно протоколот ми беше направен тест кој покажа дека сум
позитивен на коронавирус. За среќа се чувствувам добро, но ќе морам да одам во
карантин. Кога ќе добијам дозвола од здравствените власти ќе се вратам на секојдневните
обврски и ќе продолжам со напорната работа“ – порача Чави.
Имено на Шпанецот
изминатиов период често се споменуваше, се најавува негово враќање на Камп Ноу,
но тоа веројатно ќе се случи дури во 2021 година.