По поразот од
Виљареал во саботата, Чави на големо изненадување соопшти дека заминува по
крајот на сезоната. Па на денешената средба со новинарите во пресрет на
пресметката со Осасуна, ова беше топ тема.
А стратегот
излезе со нова изненадувачка изјава, и уште сега најави дека може повторно да
седне на жешкото столче.
„Не ја исклучувам
можноста да се вратам во Барселона. Јас сум клупски човек. Ќе бидам на
располагање доколку сум и потребен на Барса. Мислам дека во моментов не сум
потребен, потребна е друга личност, потребен е поинаков тренер“ – вели Чави.
„Како што кажав и
претходно, мојата одлука е за доброто на клубот. Уште минатото лето знаев дека
оваа сезона ќе ми биде последна“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.