Чави одиграл клучна улога во трансферот на Кунде, дефанзивецот откри кои две работи ги побарал тренерот од него

by
0 минути читање

Жил Кунде
попладнево беше промовиран како ново засилување на Барселона, дефанзивецот во
еден момент беше пред трансфер во Челси, но „каталонците“ во 5 до 12 успеаја да
стигнат до неговите услуги.

„Имав прилика да се
преселам во Челси но ја одбрав Барселона бидејќи имаат амбициозен проект“
–
вели дефанзивецот.

„Разговарав со
Чави, веднаш ја почувствував неговата пасија и колку многу ме посакува, и тоа беше
многу важно за мене“.

„Чави побара две
работи од мене, да бидам агресивен и да ја изнесувам топката од одбрана“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×