Чави: Многу сум лут, ова е неправда

by
1 минути читање

Барселона со пораз од 1-0 се враќа од гостувањето кај Интер. А во финишот од мечот имаше една ситуација која предизвика големо контроверзи. Думфрис играше со рака, но не беше досуден пенал за Каталонците.

„Многу сум лут. Ова е неправда. И вчера реков дека судиите треба да ги објаснуваат одлуките. Ние ништо не разбираме. Судијата треба да зборува. Јас не треба да зборувам за одлука која не сум ја донел. Според мене тоа беше чиста рака. Судиите треба да објаснат“, вели Чави.

„Доцна се разбудивме. Бевме подобри во финишот, но тоа не беше доволно. Не ги искористивме шансите. Сега секој меч е финале за нас“.

По три одиграни меча, Барселона има само три освоени бода и се наоѓа на третото место зад Баерн Минхен со девет и Интер со шест бода.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×