Чави: Критиките од медиумите влијаат врз фудбалерите!

by
1 минути читање

За разлика од шампионската сезона, Барселона не игра на тоа ниво и оваа. Кога победува тоа го прави неубедливо. По 13 одиграни кола има четири бода зад Жирона и два зад Реал Мадрид.

Чави дел од вината за лошите игри ја префрли и на медиумите кои според него создаваат негативна атмосфера која влијае врз фудбалерите.

„Не се сомневам дека критиките од медиумите влијаат врз тимот. Тоа ми се случуваше и како играч и сега го гледам како тренер“, вели Чави.

„Негативната атмосфера која се генерира, ни штети. Се што ќе се каже има влијание врз фудбалерите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×