По вчерашниот пораз од Виљареал, Чави ги изненади сите со изјава дека ќе замине од Барселона по крајот на сезоната.
Барса претходно доживеа елиминација од Купот на Шпанија, нема шанси за трофејот во Ла Лига, па ѝ остана само Лигата на шампионите каде што може да освои трофеј, но со огледа на конкуренцијата и тоа изгледа како невозможна мисија.
„Дали би се предомислил ако освоиме Лига на шампиони? Не, нема шанси“, рече Чави.
„Неколкупати ме прашавте дали би бил Сер Алекс Фергусон за Барса, вистината е дека тоа никогаш не може да се случи тука“.
„Вие момци (новинарите) не го дозволувате тоа, премногу е тешко да се биде тренер на Барселона. Тука ве убиваат со критики и тоа влијае врз вас“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.