Чави дал три оправдувања за лошиот настап во ЛШ, Лапорта одредил минимална цел оваа сезона

by
1 минути читање

Барселона е на
чекор до нова елиминација во Лигата на шампиони откако во средата одигра 3-3
против Интер.

По крајот на
натпреварот, Жоан Лапорта имал средба со Чави, и според пишувањата на АС, претседателот
потсетил дека неуспехот да се помине групната фаза е голем чекор назад, како на
спортски, така и на економски план.

Првиот човек на
Барселона исто така поставил минимална цел за оваа сезона, и без ЛШ, главниот фокус
е на Ла Лига. Секој друг трофеј плус е добредојден, но титулата од првенството
на Шпанија е апсолутен приоритет.

АС исто така
додава дека Чави дал три оправдувања за лошиот настап во ЛШ, односно повредите
на клучни играчи во одбраната како Араухо и Кунде, лошите судиски одлуки во
Минхен и особено во Милано, и недостигот на лидерство, односно капитените не
одиграле на ниво кога најмногу било потребно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×