Чави: Бесен сум што не победивме, но горд сум

by
1 минути читање

Барселона одигра многу добро прво полувреме на гостувањето кај Баерн Минхен во кое пропуштија многу шанси, можеа да водат и убедливо, но не дадоа ниту еден гол.

Работите се променија во вториот дел откако Баерн Минхен поведе со 1-0.

„Ние бевме подобри од Баерн во многу аспекти. Бевме подобри физички и доминиравме во првото полувреме. Нервозен сум бидејќи ова беше ден за победа“, вели Чави.

„Впечатокот е дека бевме многу добри, ова беше лекција, но тешка лекација, не дадовме гол а имавме седум чисти шанси. Требаше да реализираме“.

„Бесен сум, но горд. Бевме рамноправни со нив, можеме да кажеме и дека сме биле подобро, но овие мечеви се играат за да се победат. Првиот гол го примивме од корнер, а вториот со тоа што не сопревме контра напад. Тие се комплетен тим, но ние сме на стартот. Треба да поправиме некои аспекти“.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×