372
22 годишниот
офанзивен фудбалер од средниот ред ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната
откако Судот за спортска арбитража ја потврди одлуката на ФИФА за четири месеци
суспензија за прекршување на договорот со Трабзонспор од 2011.
Па Баер Леверкузен
ни крив, ни должен ќе остане без еден од најдобрите играчи.
Мала утеха за
„Фармацевтите“ може да биде тоа што играчот одлучи да се откаже од платата во
следните четири месеци.
„Баер нема
никаква врска со инцидентот” – вели Чалханоглу. „Но и покрај тоа, клубот е погоден силно како од
економска, така и од спортска гледна точка”.
„Не сакам да
креирам дополнителна штета, па ќе се откажам од платата се додека трае
суспензијата”.