Цаке: Бодови му требаат и на Тиквеш, ама нема да ги освои во Тетово

by 24 фудбал
1 минути читање

Лидерот во ПМФЛ екипата на Шкендија ќе го дочека Тиквеш во рамките на 21. коло.

Во пресрет на мечот со кавадарчани своите очекувања ги изнесе Клинсман Цаке. Тој нагласи дека борбата за бодовите ќе биде голема.

Во многу добра ситуација сме, атмосферата во тимот е на високо ниво. Во овој натпревар влегуваме по две победи во домашниот шампионат и пласман во полуфиналето на Купот и тоа природно ја подобри атмосферата во тимот. Но, за нас тие победи се минато, ги архивиравме и сега сме фокусирани на натпреварот против Тиквеш кој е сериозен противник. Секогаш сме подготвени да излеземе на терен за да ги освоиме трите бода, бидејќи и Тиквеш е тим кому му требаат бодови. Но, верувам дека нема да освојат ниту еден бод во Тетотво“, рече Цаке.

Овој натпревар како и останатите во ПМФЛ се играат во 14:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани