Но, вчерашниот натпревар против Лудогорец беше специфичен иако тоа не може да се види од резултатот.
Динамо Загреб имаше совршено прво полувреме во кое дојде до предност од 3-0, а Лудогорец остана со играч помалку поради два жолти картони уште во 17. минута од натпреварот.
Сепак пред крајот на првиот дел Лудогорец даде гол за 3-1, а брзо во вториот дел погоди и за 3-2. Со играч помалку гостите дадоа два гола и донесоа многу нервоза кај фудбалерите на Динамо и на трибините. Навивачите незадоволни од тоа што го гледаат упатуваа и свирежи.
До крајот на мечот Лудогорец доби уште два црвени картони, Динамо Загреб даде уште еден гол и победи со 4-2.
И покрај победите, Динамо Загреб трпи критики од медиумите и навивачи. Па на вчерашната прес конференција по мечот, тренерот Анте Чачиќ одговори:
„Критиките од медиумите? Секој си ја работи својата работа. Најважна е сатисфакцијата. Ова не е уметничко лизгање. Ова е собирање бодови и собирање рејтинг за хрватскиот фудбал. На крајот ние ја исполнивме целта“, вели Чачиќ.
„Имавме 3-0, па 3-1, се вративме на теренот и веќе беше 3-2. Момците заслужија поддршка, а не свирежи. Имавме добра ситуација“.
„Не ги делев јас картоните. Тоа го правеше судијата. Вакви натпревари мора да се играат со глава. Го издржавме пртисокот. Направивме големи работи за хрватскиот фудбал. Немавме лесни противници, а ќе играме во Европа“.
Следен предизвик за Динамо Загреб е големото дерби против Хајдук во Хрватска, а потоа доаѓа плејофот за Лигата на шампионите во кој играат против Бодо/Глимт.
Со вчерашната победа Динамо Загреб обезбеди најмалку пласман во групната фаза од Лига Европа.