889
Англискиот репрезентативец Букајо Сака наскоро ќе стави потпис на новиот договор со Арсенал.
Сака постигнал договор со „топчиите“ и останува уште формално да ја официјализираат продолжената соработка, објавуваат британските медиуми. Младиот офанзивец целата своја досегашна кариера ја помина во Арсенал, каде што пристигна во 2008 година, а професионалец стана десет години подоцна.
Досега има одиграно 257 натпревари за клубот, а сезонава има шанса да испише историја и да го одведе Арсенал во финалето на Лигата на шампиони.
На патот кон финалето во Минхен стои ПСЖ, против кого „топчиите“ ќе ги одмерат силите во полуфиналето.