Бугарскиот фудбалер е успешно опериран во Тбилиси по тешката сообраќајка

by
1 минути читање

Бугарската фудбалска репрезентација доцна синоќа направи сообраќајка во која најдебелиот крај го извлече фудбалерот Тодор Неделев кој заврши во болница со расекотини по главата од скршеното стакло.

Последните информации велат дека веќе му е направена операција и тој една недела ќе треба да остане во болницата во Тбилиси под лекарски надзор.

Останатите фудбалери се добри, а во текот на денот ќе се знае дали мечот меѓу Грузија и Бугарија ќе се игра во предвидениот термин или ќе се одложи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани