24фудбал

Тешка сообраќајка на бугарските фудбалери во Грузија, еден играч завршил во болница (ВИДЕО + ФОТО)

Бугарската фудбалска репрезентација доцна синоќа доживеала сообраќајна несреќа на пат од аеродромот во Тбилиси кон хотелот каде што требале да бидат сместени за мечот со Грузија.

Останато

Бугарите со два автобуси се движеле по автопатот, возеле еден по друг. Првиот автобус нагло закочил поради автомобил кој се нашол пред него на патот, по што вториот автобус се забил во него.

Најмногу настрадал фудбалерот Тодор Неделев, кој целиот крвав од искршените стакла веднаш бил пренесен во болница.

Денеска ќе се знае дали УЕФА ќе го одложи натпреварот или тој ќе се одигра во предвидениот термин.