294
Буфон и на 43 години ја покажува својата класа, синоќа со прекрасна интервенција не дозволи Интер да го изедначи резултатот и даде значаен придонес Јувентус да има предност по првиот полуфинален меч.
Тоа за Буфон беше 1.100 професионален меч во кариерата.
Во дресот на Јувентус има одиграно 679 натпревари.
Останатите се 220 во Парма, 25 во ПСЖ и 176 во дресот на италијанската репрезентација.
Буфон на 28 јануари наполни 43 години.