Брзо завршува епизодата на Бензема во Ал Хилал, стана проблем од кој клубот се обидува да се ослободи!

by Стефан
1 минути читање

Карим Бензема се најде на списокот на фудбалери на кои тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги, повеќе не смета, пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија.

Францускиот напаѓач пристигна во Ал Хилал пред само шест месеци, откако претходно го напушти Ал Итихад, каде што беше доведен како едно од најголемите имиња во саудискиот фудбал. Сепак, неговата ситуација во меѓувреме драстично се промени.

Ал Хилал планира сериозна реконструкција на составот по сезоната без освоен трофеј, а во тие планови очигледно нема место за Бензема. Дополнителен проблем претставуваат и ограничувањата за бројот на странски фудбалери, поради што клубот мора внимателно да го ослободува просторот за нови засилувања.

Раководството на Ал Хилал во текот на летото се обидело да му пронајде нов клуб на искусниот напаѓач, но Бензема ги одбил понудите. Французинот не сака да го напушти клубот, бидејќи е задоволен од условите и има договор до следното лето.

Сепак, желбите на Бензема и клубот очигледно не се поклопуваат. Односите меѓу двете страни се сериозно нарушени, а Ал Хилал сака што побрзо да го реши проблемот.

Сега останува да се види кој ќе попушти во оваа битка – Бензема, кој сака да остане, или клубот, кој очигледно веќе не го гледа како дел од својата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×