Во летото 2003 година за сума од околу 12 милиони фунти, Кристијано Роналдо пристигна во Манчестер јунајтед како 18-годишен фудбалер.
Тој на Олд Трафорд остана шест години, освои седум големи трофеи, по што отиде во Реал Мадрид за тогаш рекордна сума.
Бруно Фернандеш кој му е соиграч на Роналдо во репрезентацијата, вели дека тие често разговараат за Манчестер јунајтед.
„Со Роналдо зборував откако потпишав за Јунајтед, претходно не. Како што кажав и претходно, Манчестер за мене беше тим од соништата, секогаш сакав да играм тука, и не ми беше важно дали некој ќе ми каже лошо или добро за клубот, секако ќе дојдев“, вели Фернандеш.
„Мој сон беше и да играм во Премиерлигата. Па со изборот на Манчестер јунајтед исполнив два сона во едно. Беше перфектно“.
„Се разбира, откако потпишав за Јунајтед зборував со Кристијано, тој имаше многу добри зборови за клубот. Пред неколку дена повторно зборувавме“.
„Секогаш кога ќе зборувам со него, тој ме прашува како е Манчестер и дали се е во ред. Сите знаат дека тој долго време беше во Манчестер, го сака клубот, мислам дека тука ја освои и првата Златна топка“.