Бруно Фернандеш: Не ме допирај… Кој ги е*е, ќе кажам што имам да кажам

by
1 минути читање

Португалија влезе
како фаворит во дуелот против Мароко, но доживеа пораз од 1-0 и елиминација од
мундијалот во Катар.

По крајот на
натпреварот, Португалците го вперија прстот кон судијата, Пепе не се штедеше со
коментарите.

Слична беше и
реакцијата на Бруно Фернандеш кој смета дека врз него имало чист пенал, а
изрази и зачуденост како можеле да добијат судија од Аргентина со оглед на тоа
дека „гаучосите“ се во полуфинале.

Човек од
Фудбалската федерација на Португалија се обиде да го смири фудбалерот од
средниот ред, кој сепак не сакаше да премолчи и рече: „Не ме допирај… Кој ги
е*е, ќе кажам што имам да кажам“.

„Не знам дали ќе
и го дадат трофејот на Аргентина, но морам да кажам дека е навистина чудно што
имавме судија од земја (Аргентина) која се уште е во конкуренција на мундијалот
а немаме судија од Португалија. Нашите судии делат правда во Лигата на
шампиони, па имаат квалитет и се на нивото на ова Светско првенство. Овој
судија не дели правда во Лигата на шампиони, не е навикнат на вакви натпревари,
го немаат потребното темпо. Не стави во подредена улога“.

„Во првото
полувреме имаше чист пенал врз мене, никогаш во животот не сум паднал сам кога
имам шанса да се најдам пред голманот и да шутирам“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани