Бруно Фернандеш му даде нов прекар на Мектоминеј по импресивниот настап против Лидс

by
1 минути читање

Мектоминеј во првите три минути од мечот постигна два гола и стана играчот кој најбрзо постигнал два гола на еден меч во историјата на Премиерлигата.

По мечот Мектоминеј објави пост на инстаграм со кој ја прослави победата и напиша „Голема победа!!!“.

Под постот му искоментираа Бруно Фернандеш, Хари Мегваер и ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс.

Мегваер му напиша „Каков перформанс“, Рајс додаде „Различна класа денеска“.

А Бруно Фернандеш му даде нов прекар откако го нарече Скотиналдињо. Тој му искоментира: „Фудбалот е навистина чуден. Добро завршена работа Скотиналдињо“.

Мектоминеј на тоа му реплицираше: „Ќе се видиме утре јас и ти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×