„Ѓаволите“ во
2021/22 ја забележаа најлоата сезона во Премиерлигата, беа освоени 58 поени,
дури 35 помалку од шампионот и лут градски ривал, Манчестер Сити.
Изминативе месеци
често имаше пишувања за нетрпение во соблекувалната, дури и дојде до тепачка на
еден од тренинзите.
Сега се појави снимка
на која Бруно Фернандеш им довикува на Алекс Тешел и Фред дека се дојдени во
Манчестер јунајтед да играат фудбал а не да снимаат видеа.
Во соработка со
спортската агенција „О Клуб Фудбал“, левиот бек сака да прикаже како изгледа
еден негов ден, и кога се појави пред влезот во тренинг центарот на Манчестер
јунајтед беше пречекан од сонародникот Фред.
Во еден момент
Бруно Фернандеш излезе и почна да вика: „Престанете да глумите ѕвезди! Овде сте
за да играте фудбал, а не да снимате видеа“.
Двете страни
потоа си разделија и по некоја сочна пцовка.
Bruno pic.twitter.com/6y0PeHjvtD
— r (fan account) (@LukeShawArmy) June 22, 2022