Ал Наср и Интер се договорија, но за да се реализира трансферот треба зелено светло и од Брозовиќ, кој засега нема намера да го даде.
Италијанските медиуми пишуваат дека луѓе од Ал Наср пристигнале во Милано за лично да се обидат да го убедат Брозовиќ да ги прифати нивните милиони, тие тргнале и кон неговата куќа, но тој одбил средба со нив.
Нивната понуда е 20 милиони по сезона за тригодишен договор, тоа значи вкупно 60 милиони евра.
И покрај големата сума на пари, Брозовиќ за трипати помала плата би играл во Барселона, Саудиска Арабија не е атрактивна за него, а очигледно богатството не му е важно како на некои други играчи што им беше кои прифатија да одат таму.
Брозовиќ чека официјална понуда од Барселона, но дали и кога ќе пристигне таа, зависи од финансиската ситуација на каталонскиот клуб.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.