756
Брозовиќ кој синоќа стана вистински херој за македонската јавност откако донираше средства за операција на девојче од Скопје, ќе потпише нов побогат договор со Интер.
Според „Тутоспорт“ Хрватот ќе потпише договор до јуни 2023 година според кој ќе заработува повеќе.
27-годишниот фудбалер се промовираше во еден од клучните играчи на Интер и клубот сака да му ја избрише откупната клаузула од актуелниот договор која изнесува 60 милиони евра.
Со новиот договор Брозовиќ ќе заработува повеќе, но во него нема да ја има откупната клаузула или таа ќе биде многу висока.