Бројките од летниот преоден рок: Челси потроши најмногу пари, Нотингем ангажираше најмногу фудбалери

by
1 минути читање

Синоќа на полноќ
заврши летниот преоден рок во најголемиот дел од првенствата, клубовите сега ќе
можат целиот фокус да го насочат на натпреварите од домашните и европските
првенства.

Кризата која го
зафати фудбалот изминативе години очигледно е минато, клубовите од најсилните 5
првенства во Европа (Англија, Италија, Шпанија, Франција и Германија)
поторошија нешто над 4 милијарди фунти, само клубовите од Премиерлигата
потрошија околу 2 милијарди фунти.

Најмногу на
засилувања одвои Челси, „сините“ потрошија преку 250 милиони фунти ова лето.

Најголема
реконструкција направи Нотингем Форест, повратникот во Премиерлигата ангажираше
дури 21 фудбалер.

Трансферот на
Антони од Ајакс во Манчестер јунајтед вреден 95 милиони евра плус бонуси е
најскапата зделка ова лето.

Ајакс исто така е
клубот кој го заврши преодниот рок го најголем плус, клубот од Амстердам е во
позитива од преку 110 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани