Бројките кои кажуваат зошто Челси и Сити се борат за Кукуреља (ФОТО)

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола се обидуваше да го донесе 24-годишниот лев бек на Брајтон во својот клуб, но во трката се вклучи и Челси кој понуди повеќе и во моментов тие ја имаат пол позицијата.

„Скај Спортс“ во своето „Трансфер шоу“ се позанимава со бројките и објасни зошто гигантите го сакаат Кукуреља и се подготвени да одвојат големи пари за него.

Кукуреља одигра 38 натпревари за Брајтон во сите конкуренции, постигна еден гол и имаше една асистенција. Тоа воопшто не звучи импресивно, но да ги видиме останатите бројки.

Кукуреља е на првото место во Премиерлигата по добиени дуели и освоени топки, тоа значи дека е страшен дефанзивец, но одиме понатаму.

Тој е на второто место по број на своени топки во напаѓачката третина од теренот и е на третото место по комплетирани додавања во противничкиот простор, а е на петто место по број на креирани шанси. Тоа значи дека Кукуреља има и извонредни офанзивни карактеристики.

Кога убаво ќе се анализираат бројките, воопшто не е чудно што тој е една од главните ѕвезди во преодниот рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани