Ајван Тони минатата сезона постигна 20 погодоци во Премиерлигата, па го привлече вниманието на неколку клубови како Арсенал, Челси и Тотнем.
Но Брентфорд нема лесно да се откаже од напаѓачот, популарните „пчели“ имаат доста повреди, во продолжението од сезоната ќе се борат за опстанок, па е поставена луда цена од 100 милиони фунти.
Има и причина плус за ова, односно 30% од сумата треба да му припадне на Питерборо, кој вметнал клаузула кога го продал Ајван Тони на Брентфорд.
Од една ваква зделка ќе се офајди и Њукасл, на кого пак му следува 30% од сумата која ќе ја добие Питерборо.
Останува да се види дали некој ќе се реши да плати толку многу за Ајван Тони, кој ги одработува последните денови од суспензијата за нелегално обложување и овој месец ќе се врати на терените.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.