Брентфорд го победи Вест Хем и го продолжи походот кон евро-куповите

by 24 фудбал
1 минути читање

Премиер лигата понуди возбудливи попладневни натпревари во 34. коло, а победи запишаа Брентфорд и Њукасл.

Брентфорд убедливо со 3-0 го совлада Вест Хем. До трите бода „пчелите“ стигнаа со автогол на Мавропанос, пенал на Игор Тиаго и погодок на Микел Дамсгард.

Њукасл славеше против Брајтон со 3-1, откако Осулa и Бурн донесоа предност, Хиншелвуд намали, а Барнс стави печат на победата.

Во третиот натпревар, Вулверхемптон и Сандерленд ремизираа 1-1, гостите поведоа, но со играч помалку не издржаа.

Брентфорд е шести со 51 бод, Брајтон има 50, Њукасл 45. Во трката за опстанок Вест Хем е во опасната зона со 36, а Вулверхемптон останува последен со 18 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×