Бремер се поздравил со соиграчите, Торино ја прифати понудата на Јувентус вредна 47 милиони евра

by
1 минути читање

Интер ја губи битката за потписот на Глеисон Бремер, попладнево се сретнаа директори на Торино и Јувентус и како што пренесуваат медиумите од Италија, двете страни си подале рака.

Се работи за трансфер вреден 40 милиони евра, плус додатни 7 милиони евра во бонуси.

На состанокот пристигнале и агентите на Бразилецот и сега „старата дама“ ќе треба да ги договори личните услови на дефанзивецот, се шпекулира со петгодишен договор и плата од 5 милиони евра по сезона.

Во меѓувреме, ДАЗН објави дека Глеисон Бремер се поздравил со соиграчите, и чека потврда за да ги напушти припремите на Торино во Австрија и да се врати во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани