Брегалница уште еднаш покажа моќ на свој терен, убедлива победа над Башкими

by riste
1 минути читање

Брегалница со 3-0 го победи Башкими и запиша три бода на контото во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Штипјани тргнаа активно уште од стартот, но во 20. минута малку фалеше Башкими да дојде во водство. Гостите ја погодија пречката.

Но, казната стигна само три минути подоцна кога по асистенција од Стојанов, Глигоров даде гол за водство на Брегалница од 1-0.

Во второто полувреме разлика во квалитет беше многу повидлива. Максимов имаше фантастичен влез од десната страна и супер асистенција до Калпачки кој постигна гол за 2-0.

Башкими се израдува на еден погодок, но голот на Стефан Ристовски беше поништен поради офсајд.

До крајот на мечот Глигоров постигна уште еден гол за конечна победа од 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×