Штипска Брегалница побара од Фудбалската федерација на Македонија да го одложи натпреварот против Скопје од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Причината е што натпреварот е закажан за 19 септември, токму на денот кога во Штип традиционално се одржува популарната манифестација „Пастрмајлијада“.
Од клубот велат дека поради одржувањето на манифестацијата на Градскиот стадион, побарале нов термин за дуелот со Скопје.
„Раководството на клубот поднесе барање до Фудбалската федерација на Македонија за одложување, односно преместување на термин за мечот од 8.коло од ПМФЛ против ФК Скопје на домашен терен, кој првично треба да се одигра на 19 септември, датум на кој на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата “Пастрмалијада”. Јавноста ќе биде благовремено известена за датумот на одигрување на мечот против ФК Скопје“, соопшти Брегалница.
Брегалница по пет одиграни натпревари сезонава има учинок од две победи и три порази.