Брегалница на ден пред стартот на сезоната доби нов тренер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Брегалница го реши тренерското прашање на само еден ден пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако Никола Кузманов е назначен за нов предводник на штипскиот прволигаш, пренесе тамошниот медиум „Мнет“.

60-годишниот стратег се враќа на клупата на Брегалница, клуб кој веќе го водеше во минатото. Минатата сезона беше дел од стручниот штаб во улога на помошен тренер, а сега повторно ќе ја има главната одговорност.

Во својата тренерска кариера Кузманов ги предводеше и Слога Виница и Кит Го, каде што во еден период ја извршуваше и функцијата спортски директор. Новиот тренер ќе дебитира веќе утре, кога Брегалница ќе гостува кај актуелниот шампион Вардар во натпревар од првото коло. Дуелот во Скопје започнува во 17:00 часот.

Новата сезона во домашниот шампионат ќе биде отворена денеска со пресметката меѓу Тиквеш и Арсими, која исто така е закажана за 17:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×