Брегалница го заверува првото место, Охрид чека киксови на ривалите

by riste
1 минути читање

Денеска со почеток од 16:30 стартуваат натпреварите од последното коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) по кое ќе бидат познати патниците во баражот за влез во Првата лига, а таму сигурно ќе биде Брегалница која треба само рутински да си ја заврши работата.

Брегалница е домаќин на Победа, која во вториот дел од сезоната служи само за подобрување на гол разликата. Прилепскиот противник е инфериорен и одамна испаднат. Ситуацијата е дотолку јасна што штипјани веќе го прославија враќањето во Првата лига иако за официјално тоа да се случи треба да го добијат и денешниот натпревар.

Скопје е домаќин на Детонит Плачковица, а Шкендија Арачиново гостува во Каменица кај Саса. Овие две скопски екипи веројатно ќе играат во баражот за влез во Првата лига.

Охрид кој во вториот дел од сезоната го загуби здивот, ја пречекува Слога Виница, но евентуалната победа ќе има вредност само доколку киксираат Скопје или Шкендија Арачиново.

Долниот дел од табелата е од претходно решен, од лигата испаднаа Вардар Неготино, Преспа, Слога Виница, Победа и Големо Коњари. Во баражите за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Каменица Саса.

ВМФЛ 30. коло

Брегалница – Победа
Скопје – Детонит Плачковица
Каменица Саса – Шкендија Арачиново
Новаци – Осогово
Охрид – Слога Виница
Преспа – Беласица
Тетекс – Големо Коњари
Вардар Неготино – Кожуф

Можно е и ова да ти се допаѓа

×