Бразилските екипи се перфектни на Светското клупско првенство, Аргентинците испаднаа!

by riste
0 минути читање

Сите четири бразилски екипи кои учествуваат на Светското клупско првенство се пласираа во осминафиналето за разлика од нивните аргентински ривали кои испаднаа.

Палмеирас, Ботафого, Флуминенсе и Фламенго изборија пласман во нокаут фазата од големото клупско натпреварување.

Бразил сигурно ќе има барем еден тим и во четвртфиналето со оглед на тоа што една од осминафиналните двојки е дуел меѓу Палмеирас и Ботафого.

За разлика од бразилските екипи, аргентинските го завршија учеството уште во групната фаза. Славните Ривер Плата и Бока Јуниорс се елиминирани откако и двете завршија како трети во своите групи.

Фото: X/Botafogo

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×