Карло Анчелоти ќе остане селектор на бразилската репрезентација и покрај поразот од Норвешка со 2:1 и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство.
Анчелоти, како и Бразилската фудбалска федерација порачаа дека долгорочниот проект не е доведен во прашање, иако репрезентацијата го забележа својот најслаб настап на Мундијалите уште од 1966 година.
И покрај сè поголемиот притисок од јавноста по раното испаѓање, 67-годишниот италијански стратег преку социјалните мрежи стави крај на шпекулациите околу неговата иднина и потврди дека останува на клупата на Бразил.
„Денес болката е голема, но тоа не ја менува довербата во она што го градиме. Ќе продолжиме да работиме за нашата репрезентација. Секогаш заедно. Секогаш Бразил!“, порача Анчелоти.