Бразил со победа над Шпанија го одбрани олимпискиот трон

by
1 минути читање

Бразил стана петта селекција која го одбранила олимпиското злато, претходно тоа им успеалао на Велика Британија (1908-1912), Уругвај (1924-28), Унгарија (1964-68) и Аргентина (2004-08).

На денешниот натпревар Бразил дојде во водство со гол на Куња во судиското продолжение од првото полувреме, претходно, во 38. минута Ришарлисон промаши пенал.

По 15 минути игра во второто полувреме Шпанија изедначи со гол на Ојарзабал. 1-1 беше до крајот на регуларните 90 минути, натпреварот отиде во продолженија.

Во 108. минута Малком постигна гол за Бразил за водство од 2-1 кое значеше и победа и олимписко злато.

Бронзата на фудбалскиот турнир ја освои Мексико кој со 3-1 беше подобар од Јапонија во мечот за трето место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани