Бразил не се шегува ниту на пријателските, ѝ даде шест гола на Панама!

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Бразил со убедливи 6-2 ја победи Панама во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство.

Дебаклот на Панама го најави Винисиус со гол уште во првата минута од натпреварот.

Сепак во 14. минута Куња ја затресе сопствената мрежа и го изедначи резултатот на 1-1.

До крајот на првото полувреме беше постигнат уште еден гол, Касемиро реализираше и го врати водството на Бразил од 2-1.

Од 53. до 63. следуваше бразилско гол шоу во кое беа постигнати три погодоци, голови дадоа Рајан, Лукас Пакета и Тијаго за 5-1.

Данило во 81. минута зголеми на 6-1, а три минути подоцна Харви ги постави конечните 6-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×