Реал Мадрид наскоро би можел да добие уште еден Белингем во своите редови. Шпанскиот спортски весник „Марка“ објави дека мадридскиот гигант сериозно размислува за ангажман на 19-годишниот Џоб Белингем, помладиот брат на ѕвездата Џуд Белингем.
Џоб е централен играч за врска и настапува за Сандерленд во англискиот Чемпионшип. Сезонава блескаше на терените од втората англиска лига, беше избран во идеалниот тим на шампионатот, а ја доби и наградата за најдобар млад фудбалер во Чемпионшип. Посебно се истакнува со голови од далечина и неговата вредност треба дополнително да се потврди во плејофот, каде што ќе се обиде да го одведе Сандерленд до елитното друштво.
Иако „кралскиот клуб“ сè уште официјално нема назначено нов тренер , се очекува тоа да биде Чаби Алонсо – интересот за Џоб Белингем е веќе актуелен. Но, Реал не е единствениот што ја следи ситуацијата. Според информациите на фудбалскиот инсajдер Флоријан Плетенберг, сериозен интерес покажува и Лајпциг, а во игра е и Борусија Дортмунд, клубот во кој Џуд ја започна својата блескава кариера пред трансферот на „Сантијаго Бернабеу“.
Се чини дека Џоб Белингем го очекува трансфер лето, а прашање на време е каде ќе го направи следниот чекор во кариерата.
Фото: Sunderland FC/X