Ридигер ова лето како слободен играч се пресели од Челси во Реал Мадрид, а сега Сахр Сенеси детално ја опиша реализацијата на трансферот.
„На почетокот има контакт од клубот, се разменува информација. Потоа клучните луѓе во клубот разговараат интерно“, вели Сенеси за Кикер.
„Во вториот чекор веќе можете да зборувате за бројки. Можете да им го одговорите тоа или да чекате преговорите да се префрлат на маса и таму да преговарате“.
„Најважната работа е да не се брза. Важно е да излезете од разговорот со добро чувство, кога ќе им се јавите назад на луѓето тие со задоволство да го кренат повторно телефонот“.
„Во секој случај, следниот чекор е инволвирање на тренерот и негов разговор со фудбалерот. И на крај почнува правната работа“.
„Контактот со Реал Мадрид беше директен, не со Ридигер, туку со менаџментот. Немаше компликации, бидејќи во контакт сме со Реал Мадрид од 2016 година“.
„Интересот се зголеми во 2019 година пред трансфер забраната на Челси, но тогаш Антонио не сакаше да форсира трансфер од почит кон Челси. Бидејќи тогаш Челси не можеше да донесе негова замена“.
„Јас сум во контакт со Карло Анчелоти уште од 2018 кога тој беше во Наполи. Антонио добро знае што сака Карло бидејќи разговаравме со него“.
„Нашата стратегија беше Ридигер да игра добар фудбал и да чекаме. Но со неизвесноста која го снајде Челси со менувањето на сопствениците, два три големи клуба притискаа за одлука“.
„Потоа Тони имаше разговор со Томас Тухел и му кажа дека сака да си замине“.