Чарли Кејн, братот
на попознатиот Хари Кејн, се здоби со низа критики поради исходот од
преговорите со првиот човек на „Спарси“ за иднината на напаѓачот кој на крајот
се помири со фактот дека ќе остане во клубот и оваа сезона.
Меѓутоа се верува
дека Чарли не е одговорен за претходниот шест годишен договор кој на клубот му
даде толку голема моќ за да остане цврсто на своето и да не попушти, па така
многумина во Леви во моментов гледаат голем победник.
Договорот на Кејн
претходно беше договорен од страна на неговите претходни претставници, „Јуник
Спортс Менаџмент“, кои не издејствуваа напаѓачот да добие откупна клаузула,
потег што сега се покажа како доста лош за Кејн.
Кејн по Светското
првенство во 2018 година ја напушти таа агенција и се префрли во онаа на
неговиот брат, „ЦК66 Плејр Менаџмент“, а токму тој е единствениот клиент.