223
Maкедонецот Бошко Ѓуровски кој е и поранешен селектор на Македонија се огласи во јавноста по шпекулациите за новиот предводник на Србија.
Пикси си замина од клупата по поразот од Албанија во Лесковац, а според Ѓуровски нов селектор на Србија ќе биде Владан Милојевиќ, тренерот на Црвена Звезда.
„Видов дека во медиумите се споменуваат повеќе имиња, но по мене фаворит е Владан Милојевиќ. Со Звезда има одличен континуитет, публиката го сака и очекувам тој да биде избран, но да почекаме да видиме“, изјави Ѓуровски во интервјуто за „Еуроњуз“.
Ќе потсетиме, вечерва oд 20:45 часот Србија игра нов натпревар во квалификациите за Светското првенство на гостински терен против Андора.