Тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ, се соочува со сериозна казна по инцидентот на натпреварот против Брест кој заврши 1-1.
Искусниот стратег беше исклучен откако бурно реагираше на одлуката за црвен картон на неговиот играч, по што влезе во жестока расправија со судијата Гијом Паради. Халилхоџиќ продолжи со протестите и по мечот, а неговото однесување може да донесе подолга суспензија.
Според најавите, дисциплинските правила предвидуваат казна од неколку натпревари, но не е исклучена ниту суспензија до крајот на сезоната во Лига 1.
Ова доаѓа во незгоден момент за Нант, кој води тешка битка за опстанок и веќе заостанува зад безбедната зона, па евентуалното отсуство на тренерот може дополнително да ја усложни ситуацијата.