Борусија го одбрани врвот, Флуминенсе тешко се одбрани од Африканците и ќе игра во нокаут фазата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Борусија Дортмунд од првото место оди во нокаут фазата од Светското клупско првенство, откако со минимални 1-0 ја победи Улсан и ја заврши групната фаза на врвот во групата Ф.

Германците доминираа на „ТКЛ Стадионот“ во Синсинати и создадоа низа шанси, но отпорот на корејскиот аутсајдер траеше речиси цело полувреме. Свенсон беше човекот кој ја реши пресметката, во 36. минута погоди по убава акција и донесе три бода за „милионерите“. Во продолжението Дортмунд контролираше и не дозволи изненадување, додека Улсан немаше сили за вистински камбек.

Во вториот меч од групата, Флуминенсе ремизираше без голови против Мамелоди Сандаунс и го обезбеди второто место што води во нокаут фазата. Африканскиот претставник одигра храбро и во делови од мечот изгледаше и поопасно од бразилскиот ривал, но искуството си го направи своето.

Борусија и Флуминенсе сега го чекаат исходот од групата Е, каде Ривер Плата и Интер се израмнети со по четири бода и влегуваат во директен дуел за првото место, додека Монтереј е во игра со два бода и се надева на разврска по своја мерка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×